
Во последната деценија, во Велс и во Англија сè повеќе се зголемува популарноста на фудбалот со одење, кој е полезен за лицата што се рехабилитираат од повреди.
Сепак, еден велшки нисколигаш, Пенрин Беј Стролерс, го користи овој вид на фудбал за активирање на повозрасните љубители.
Имено, голем дел од играчите на оваа екипа се пензионери, а најстариот од нив, голманот Алан Камсел, има дури 88 години.
,,Кога почнав да играм, сите играчи ми беа колеги од работа и беа на возраст колку мене, но со текот на времето, тие се пензионираа и доаѓаа помладите. Во неколку наврати се најдов на теренот со нивните синови, па дури и со нивните внуци.”
Камсел е поранешен фризерски наставник од колеџот Ландрило, а со различни видови на фудбал се занимава веќе четириесет години, односно откако се пресели во Ландадно, Велс од Њукасл, Англија.