
Денес, на ,,Велодром Суис” во Гренхен, Швајцарија, Џоселин Лауден постави нов велосипедски рекорд.
Британката стана најбрзата велосипедистка во период од еден час, откако на кружна велодромска патека помина 48 405 метри за шеесет минути.
Претставничката на ,,Дропс-Ле Кол” ја подобри претходната рекордна дистанца за само 398 метри, која беше поставена на 13 септември 2018 во Агуаскалиентес, Мексико од страна на Италијанката Виторија Буси.
Кај мажите, рекордер во оваа дисциплина, од 16 април 2019, е Виктор Кампенертс со поминати 55 089 метри.



