
Мајами Хит и Бостон Селтикс ќе одиграат ,,мајсторка”, која ќе го одреди вториот патник во финалето на НБА после Голден Стејт Вориорс.
Имено, во шестиот дуел, Мајами славеше на гостински терен со 103-111 и ја израмни меѓусебната серија на 3-3.
На мечот, цело време владееше резултатската неизвесност со блага предност во корист на Хит во поголемиот дел.
Предводник на победничкиот состав беше Џими Батлер со свои рекордни 47 поени, а Кајл Лоури направи дабл-дабл од 18 поени и од 10 асистенции.
На спротивната страна, најефикасен со 30 кошеви беше Џејсон Тејтум.