Колорадо Аваланш изборија полуфинале на НХЛ, откако ги елиминираа Ст. Луис Блус со вкупни 4-2.
Во шестиот меѓусебен натпревар, Аваланш триумфираа со 2-3 и закажаа дуел со Едмонтон Оилерс.
На мечот, домаќините двапати поведуваа со головите на Џастин Фолк и на Џордан Кајру.
Од друга страна, гостите израмнија во два наврати преку двата гола на Џеј Ти Комфер.
Сепак, херој за победничкиот состав беше Дарен Хелм, кој се запиша во листата на стрелците на пет секунди пред крајот со својот прв плејоф погодок после 2015/16.