Првиот денешен премиерлигашки натпревар, во рамките на 33. коло од тековната сезона, го одиграа Барнли и Шефилд Јунајтед на „Тарф Мур“.
Натпреварот заврши со резултат од 1-1, кој се покажа како најдостоен по покажаните перформанси на теренот. Двете екипи имаа неколку добри неискористени шанси, а единствените голови ги постигнаа Џејмс Тарковски (43′) за Барнли односно Џон Иган (80′) за Шефилд Јунајтед.
Поделбата на бодовите им овозможи и на двата тима да останат во теоретска борба за пласман во европските натпреварувања пласирајќи ги на осмото и деветтото место на табелата.