
Во рамките на дваесет и четвртото коло од ирската Премиер дивизија беше одиграно Северозападното дерби помеѓу Фин Харпс и Дери Сити.
На овој дуел, Дери важеше за потполен фаворит и дојде до конечна победа од 1-2 со пресврт во последните десет минути.
Клубот од округот Донегал дојде до почетно водство во првото полувреме со дебитантскиот погодок во новата средина на Роберт Џонс (30′).
Сепак, претставниците на Северна Ирска ги освоија трите бода, откако мрежата на Марк МекГинли ја затресоа Рајан Грејдон (80′) и Џејмс Акинтунде (90+3′).
Со втората победа на последните три меѓусебни дербија, Дери Сити се врати на второто место на табелата и не знае за лигашки пораз уште од 23 мај.
Од друга страна, за Фин Харпс, ова беше трет загубен меч во низа, кој ги задржа на претпоследната позиција со само за еден погодок подобра гол-разлика од последнопласираниот УК Даблин.