
По серијата од пет порази, Атланта Хокс ја запишаа втората победа, совладувајќи ги Минесота Тимбервулвс со 134-122.
Во првото полувреме, Минесота го имаше водството во своите раце, а истото достигна и до +16 во втората четвртина.
Сепак, со серијата од 12-2 на стартот на третиот квартал, Хокс ја презедоа предноста и ја држеа до самиот крај.
Од редовите на Минесота, дабл-дабл запиша Карл-Ентони Таунс (17 поени и 10 скокови), а поефикасни од него беа Ентони Едвардс (20 поени) и Д’Анџело Расел (31 поен).
На спротивната страна, Тре Јанг уфрли 37 кошеви и 14 асистенции, а две двоцифрени статистики имаше уште Џон Колинс (17 кошеви и 12 скокови).
На Западот, Минесота (22-23) го држи осмото место, додека Атланта (19-25) се наоѓа на дванаесеттата позиција во Источната конференција.




