На претстојните Зимски Олимписки игри во Пекинг кои стартуваат од 4 февруари и ќе трајат до 20 февруари, Јамајка за прв пат во историјата ќе има дури три боб постави.
Јамајка влезе во историјата на Зимските олимписки игри во 1988 година во Калгари, кога за прв пат испратија боб тим,а нивниот подвиг подоцна беше инспирација за филмот „Rasta Rockett-Cool Running“, кој доживеа голем успех. Еден од членовите на првата боб постава на Јамајка, Крис Сток, сега е претседател на боб федерацијата на Јамајка




