
Откако синоќа загубија со 0-2 од Колорадо Аваланш, Анахајм Дакс дојдоа до четвртиот пораз во низа.
Дакс пружија подобра игра во нападот, но сите нивни шутеви (34/34) беа одбранети од Павел Францоуз.
Чешкиот голман на голот на Колорадо беше стопроцентен во извршувањето на својата задача за прв шут-аут во тековната сезона и вкупно трет во НХЛ.
Првиот погодок на мечот го постигна Самул Жирар на минута и пол пред крајот на втората третина.
Резултатскиот дефицит ги натера Дакс да играат без голман, но со вишок играч во офанзивата во финишот, што се покажа како неуспешна тактика.
Освен што не дојдоа до израмнување, ,,Патките” примија уште еден погодок, откако најдобриот поентер на Аваланш, Назем Кадри, погоди на празна мрежа за поставување на конечниот резултат.
Во Западната конференција, Колорадо остана на првото место, додека Анахајм падна на седмата позиција.




