
Седумнаесеттото коло од англиската Лиг 1 беше затворено со деведесет и второто дерби на областа Девон.
Имено, пред целосно исполнетиот ,,Хоум Парк” со 16 576 гледачи, Плимут Аргајл го надигра Ексетер со 4-2.
На мечот, гостите во два наврати поведуваа, но домаќините експресно израмнуваа пред да ја презедат предноста во свои раце.
За ,,Грците”, по еден гол постигнаа Арчи Колинс (25′) и Сем Номб (52′), а две асистенции запиша Џеј Стенсфилд.
На спротивната страна, израмнувачките погодоци беа дело на Морган Витакер (27′) и на Бали Мумба (58′), а во продолжението, уште двапати реализираше Рајан Харди (70′, 84′).
На табелата, Плимут остана на првото, а Ексетер на десеттото место.