
После петте порази, Барис Нур-Султан се врати на победничките патеки, откако денес го совлада Сибир Новосибирск со 3-1.
Во првиот период, Џереми Брако им донесе водство на домаќините, но гостите ја презедоа контролата и израмнија во вториот дел преку Вјачеслав Основин.
Сепак, во третиот период, претставниците на Казахстан пружија подобра игра и славеа со головите на Линден Веј и на Кирил Савицки во последните три минути.
Во Источната конференција, Сибир остана на четвртото, а Барис скокна на шестото место.