По серијата од три врзани порази, Питсбург Пенгуинс дојдоа до првиот триумф, совладувајќи ги Њујорк Ренџерс со минимални 1-0.
На ледената плоча, после педесет минути игра, Питсбург остави многу поубедлив впечаток, отколку својот ривал.
Истиот беше оправдан со погодокот на Евгени Малкин во шестата минута од третата третина во пауер-плеј ситуација по исклучувањето на Рајан Линдгрен.
До крајот, Ренџерс приредија канонада кон мрежата на Тристан Жари, кој ги одбрани сите дваесет и седум шутеви за четвртиот овосезонски шут-аут.
Во Источната конференција, Питсбург го презеде четвртото место, спуштајќи ги Ренџерс на петтата позиција.