Во последниот меч пред паузата за ,,Ол-Стар”, Детроит Пистонс ги надиграа Бостон Селтикс со 111-112.
Сепак, во првиот синоќешен натпревар, Селтикс го возвратија ударот и славеа со 104-113.
Во текот на поголемиот дел од средбата, предноста беше на страната на Детроит, но во завршниот период, победниците дојдоа и до двоцифрено водство.
Од гостинските редови, Џејлен Браун уфрли 27 поени, а дабл-дабл запиша Џејсон Тејтум (26 поени и 11 скокови).
На спротивната страна, најефикасни беа Кејд Канингем и Кори Џозеф со 25, односно со 15 поени.
Во Источната конференција, Бостон (36-26) го зазема шестото место, додека Детроит (14-46) се наоѓа на претпоследната позиција.