Најефикасната синоќешна средба од НХЛ беше одиграна во ,,Литл Сезарс Арена”, каде што Торонто Мејпл Лифс ги поразија Детроит Ред Вингс со 7-10.
Овој меч беше прв во НХЛ со седумнаесет погодоци без ниеден од пауер-плеј ситуација после 21 јануари 1945.
Воедно, Мејпл Лифс постигнаа десет голови без пауер-плеј на еден натпревар за првпат после 8 јануари 1947 против Чикаго.
На дуелот, Торонто постигна по три голови во првиот и во третиот, односно четири голови во четвртиот период.
Од друга страна, домаќините имаа само по еден погодок во првите две третини за во третиот дел да ја затресат противничката мрежа дури во пет наврати.
Кај Торонто, Митч Марнер имаше четири голови, а во листата на стрелците се запишаа уште Мајкл Бантинг, Вилијам Ниландер, Ондреј Касе, Давид Кампф, Остон Метјус и Илја Михејев.
Кај противничкиот табор, погодоци постигнаа Лукас Рејмонд (х2), Сем Гање, Филип Хронек, Картер Рауни, Џоу Велено и Мајкл Расмусен.
Во Источната конференција, Торонто го држи четвртото место, додека Детроит се наоѓа на десеттата позиција.