Директниот дуел за второто место во Источната дивизија заврши во корист на Питсбург Пенгуинс, кои синоќа ги добија Њујорк Ајландерс со 2-1.
Имено, ,,Пингвините” ја стекнаа капиталната предност уште во првата третина, кога после 18 минути игра водеа со 2-0.
Стрелци на двата погодоци беа Ентони Анџело и Џеред МекКен.
Кон средината на вториот период, Мет Мартин успеа да го преполови заостатокот на Ајландерс, а со тоа го постави и конечниот резултат.
Со ваквиот развој на настаните, двете екипи имаат по 48 поени, но поради подобрата гол-разлика, Питсбург е втор, а Ајландерс се трети.
📸 Joe Sargent/NHLI via Getty Images