
По трите врзани порази од Милвоки Бруерс, Колорадо Рокис запишаа две победи над Питсбург Пиратес со вкупна поен-разлика од 10-0.
Имено, синоќа, Рокис ги надиграа своите противници од Пенсилванија со резултат од 8-0.
Домаќините постигнаа еден поен во седмиот, два во вториот и во шестиот и три во петтиот ининг за да дојдат до конечниот триумф.
Нивниот фрлач, Герман Маркез, одигра одличен натпревар со пет освоени страјк-аути и со само една допуштена база.
Освен него, заслужни за победата беа и сите останати поентери.
Единствен што постигна хоум-ран беше Елијас Диаз, додека по четири бази освоија Рајан МекМен, Герет Хемпсон, Герман Маркез (х2), Чарли Блекмон (х2) и Џошуа Фуентес.
Во Националната лига, Колорадо (33-47) се наоѓа на тринаесеттата, а Питсбург (29-49) на претпоследната четиринаесетта позиција.