
Во полуфиналето, односно во финалето на Источната конференција, после четири одиграни средби, резултатот гласи 2-2.
Имено, синоќа, Атланта Хокс ги добија Милвоки Бакс со 110-88 и ја израмнија меѓусебната серија.
Хокс стекнаа двоцифрена предност уште во втората четвртина и истата ја држеа и ја надградуваа до самиот крај.
На овој натпревар, поради повреда, не учествуваше ѕвездата на Атланта, Тре Јанг, а слична судбина го снајде и Јанис Антетокумбо (Милвоки), кој го повреди коленото во третата четвртина.
Накрај, до триумф, Атланта ја предводеа Лу Вилијамс и Богдан Богдановиќ со 21, односно со 20 поени.
Кај Бакс, најефикасни беа Џру Холидеј (19 кошеви) и Крис Мидлтон (16 кошеви).



