четврток, февруари 9, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

ОФИЦИЈАЛНО: Рафаел Бенитез е новиот тренер на Евертон

Епов Насе ✏️ Епов Насе
јуни 30, 2021
📁 Спорт, Фудбал
📸 Stu Forster/Getty Images

Откако Карло Анчелоти премина во Реал Мадрид, Евертон остана со празно место на тренерската позиција.

Од денес, официјално, истата ја пополни шпанскиот стратег, Рафаел Бенитез, кој потпиша договор на три години.

Дел од навивачите на Евертон не се задоволни со оваа одлука на челниците на клубот, поради фактот дека Бенитез го предводеше градскиот ривал Ливерпул во своите најславни тренерски денови, односно од 2004 до 2010.

За Шпанецот, ова ќе биде вкупно четврт ангажман на островот, откако претходно, освен Ливерпул, стоеше на кормилото на Челзи (2012-2013) и на Њукасл (2016-2019).

,,Го ангажираме Рафа бидејќи веруваме дека ќе им донесе успех на клубот и на навивачите. Накратко кажано – треба да се бориме за врвот на табелата и за освојување на трофеи. Рафа е докажан победник со големо меѓународно тренерско искуство и го обезбедивме најдобриот човек што може да го освои тоа за нас.” – се огласи еден од сопствениците на клубот, Фархад Мошири, за официјалниот веб-сајт на Евертон.

Бенитез ќе започне со своите обврски од 5 јули, кога воедно ќе започнат и тренинзите за претстојната претсезона.

Our new manager. pic.twitter.com/1FulLthzyF

— Everton (@Everton) June 30, 2021
Tags: англијаБенитезЕвертонФудбал
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Питсбург оставен на ,,нула” по вторпат во низа против Колорадо

Следна вест

Струга изворот на ракометни таленти! Шампиони без ниеден пораз

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Митревски ќе биде единствениот МАКЕДОНЕЦ во лигата на шампионите
Ракомет

Фантастичниот Митревски донесе прва победа за Порто во Лигата на Шампионите

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Фев/2023
(ВИДЕО) Луко е првиот учесник во плејофот на Лиига
Останато

(ВИДЕО) Луко е првиот учесник во плејофот на Лиига

✏️ Епов Насе
08/Фев/2023
(ВИДЕО) Норвешка ја одбрани титулата: Италија до сензационално сребро
Останато

(ВИДЕО) Норвешка ја одбрани титулата: Италија до сензационално сребро

✏️ Епов Насе
08/Фев/2023
Второ злато за Италија на СП 2023: Басино најбрза во супервелеслалом
Останато

Второ злато за Италија на СП 2023: Басино најбрза во супервелеслалом

✏️ Епов Насе
08/Фев/2023
Следна вест
Струга изворот на ракометни таленти! Шампиони без ниеден пораз

Струга изворот на ракометни таленти! Шампиони без ниеден пораз

Последно

Фантастичниот Митревски донесе прва победа за Порто во Лигата на Шампионите

(ВИДЕО) Луко е првиот учесник во плејофот на Лиига

(ВИДЕО) Норвешка ја одбрани титулата: Италија до сензационално сребро

Второ злато за Италија на СП 2023: Басино најбрза во супервелеслалом

Струга гостува кај Скопје, Голден Арт во Неготино (плеј аут 1.коло)

Вардар против Пролет, Еурофарм Пелистер гостува кај Бутел (плеј оф 1.коло)

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.