
Екипата на Честерфилд е последниот полуфиналист од плејофот на англиската Национална лига, кој ќе го одреди вториот патник во Лиг 2, после шампионот Стокпорт.
Имено, во четвртфиналето, Честерфилд на гостински терен го доби фаворитот Халифакс со 1-2.
Во првото полувреме, Дени Роу (19′) го отвори резултатот, а предноста на гостите ја удвои Џеф Кинг (66′), кој минатата година ги бранеше боите токму на Халифакс.
Само две минути подоцна, надежта на домашните навивачи ја врати Мет Стенсон (68′) со првиот погодок во новата средина.
До крајот, Честерфилд ги издржа противничките налети и избори полуфинален натпревар против Солихал Мурс.