По вторпат на последните три средби, Њу Џерси Девилс ги совладаа Питсбург Пенгуинс, но пвој пат со резултат од 1-2 после продолжение.
Имено, ,,Пингвините” поведоа во првата третина преку најдобриот поентер од своите редови – Сиднеј Кросби.
Во петтата минута од вториот дел, за Девилс израмни Сами Ватанен, кој го даде својот трет овосезонски погодок.
Накрај, после 170 секунди игра во дополнителниот период, победата на ,,Ѓаволите” им ја донесе Швеѓанецот Јеспер Брат.
Ситуацијата на табелата на Источната дивизија не се промени после оваа пресметка: Питсбург и понатаму е трет, додека Њу Џерси го зазема седмото место.
📸 Joe Sargent/NHLI via Getty Images