Женската фудбалска Примера во Шпанија во рамките на 23 коло ни го донесе дербито на колото и претендентите за титулата и тоа дуелот помеѓу Реал Мадрид и Леванте. Во гостинскиот ростер во почениот состав се најде и најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова.
Андонова настапи до 80 минута и нејзиниот тим стигна до супер важна победа од 1:2 и тоа со пресврт откако Реал Мадрид на полувреме имаше предност од 1:0 со голот на Аурели Каци во 34 минута.
Сепак Леванте најпрвин во 55 минута преку Гонзалез Родригез израмни на 1:1, а веќе во судиското продолжение остварија триумф и нови три гола со голот на Редондо Ферер. Наташа Андонова одново одигра одличен натпревар и имаше голем придонес на теренот.
Со оваа победа сега Леванте се зацврсти на втората позиција со 51 бод, каде што Реал Мадрид остана на позиција број три со 47 бода, додека на врвот е Барселона со 60 бода.



