Актуелните вицешампиони, Мајами Хит, синоќа го претрпеа третиот пораз во низа, откако загубија со 106-109 после продолжение од Индијана Пејсерс.
Имено, Пејсерс водеа речиси во текот на цел натпревар, но претставниците на Флорида успеаја да изборат дополнителни пет минути.
Во нив, домаќините направија серија од 5-0, но до крајот загубија со 8-11.
Од поразениот состав, Бам Адебајо (29 поени и 10 скокови) и Џими Батлер (21 поен и 15 скокови) запишаа дабл-дабл учинок.
Од спротивната страна, истото им појде од рака на Домантас Сабонис (17 поени и 11 скокови) и на Малколм Брогдон (12 поени и 10 асистенции).
На табелата на Источната конференција, Мајами (22-21) го зазема петтото, а Индијана (19-22) – деветтото место.
📸 Issac Baldizon/NBAE via Getty Images



