
Единаесеттиот пик од овогодинешниот драфт, Џастин Филдс, денес го имаше првиот старт во својата НФЛ кариера.
Сепак, квотербекот на Чикаго Берс не успеа да ги покаже своите перформанси во поразот од Кливленд Браунс од 26-6.
Филдс го заврши мечот со само 6/20 комплетирани додавања и со скромни 80 вкупно освоени јарди, а сите поентирања на Берс беа дело на шутерот Каиро Сантос.
На спротивната страна, Бејкер Мејфилд освои 246 јарди со додавање и 31 јард со трчање, додека по еден тачдаун запишаа Остин Хупер и Карим Хант, заедно со шутирањата на Чејс МекЛафлин.
После три одиграни кола, Браунс имаат учинок од 2-1, додека Чикаго стои на 1-2.
Во соработка со НФЛ Македонија



