Две калифорниски екипи, Сан Диего Падрес и Сан Франциско Џајантс, ги одмерија силите во меѓусебниот денешен натпревар.
Падрес беа подоминантен состав и славеа со резултат од 6-1, откако стекнаа капитална предност од 3-0 во првиот ининг.
На ,,Петко Парк” беа постигнати и три хоум-рани, односно два за Падрес (Мани Машадо и Хорхе Она) и еден за Сан Франциско (Вилмер Флорес).
За Сан Диего, ова е петта победа по ред, после којашто имаат учинок од 29-17 и го заземаат второто место во Западната дивизија на Националната лига. Од друга страна, Џајантс го запишаа првиот пораз по пет врзани триумфи и со 23-22 се трети во истата група.