ЛА Лејкерс поведоа со 3-1 во конференциската полуфинална серија против Хјустон Рокетс, откако синоќа славеа со 100-110.
Лејкерс доминираа и имаа резултатска позитива во текот на цел натпревар.
Најефикасен на паркетот беше Ентони Дејвис (ЛА Лејкерс) со 29 поени, 12 скокови и 5 асистенции.
Кај поразениот тим, најмногу се покажаа Расел Вестбрук (25 поени, 3 скокови и 3 асистенции) и Џејмс Харден (21 поен, 4 скокови и 10 асистенции).