Грин Беј Пекерс ја остварија петтата врзана победа од почетокот на сезоната, откако ги совладаа дивизиските ривали, Чикаго Берс, со 14-24.
Берс влегоа во натпреварот со тачдаунот на Калил Херберт, но до крајот, Пекерс направија серија од 7-24 за да дојдат до петтиот последователен триумф над најлутиот ривал.
Квотербекот на победниците, Арон Роџерс, одигра неверојатен натпревар со три тачдауни, два со додавање и еден со трчање, како и со 216 вкупно освоени јарди.
Од неговите соиграчи, шутерот Мејсон Кросби беше стопроцентен за вкупно шест поени, а по еден тачдаун фатија Ален Лазард и Арон Џонс.
Колегата на Роџерс на спротивната страна, рукито Џастин Филдс, освои вкупно 217 јарди, но освен еден тачдаун кон Дарнел Муни, уфрли и еден пресечен пас.
Во НФК Север, Грин Беј (5-1) е во засега убедливо водство, додека Чикаго (3-3) ја зазема втората позиција.
Во соработка со НФЛ Македонија