Македонските претставници во Европскиот Куп на ЕХФ, ЖРК Металург и ЖРК Чаир ги завршија своите настапи уште во првото коло. ЖРК Чаир загуби од тимот на Х71 од Фарски Острови со 35-27. За Чаир најрасположени за игра беа Дукоска со 7 гола и Гулицоска со 6 погодоци.
Металург во вториот меч славеше над Дуделанж од Луксембург со 22-19 но после поразот во првиот меч недоволно, а најдобри на теренот беа Младеновска со 9 и Арсениевска со 4 голови.



