На првиот меѓусебен натпревар во тековната сезона, Тампа Беј Лајтнинг славеа над Монтреал Канадиенс со 1-5.
За гостите, ова беше петта победа во низа, додека претставниците на Канада го запишаа третиот последователен пораз.
После две третини, Тампа водеше со 0-4, пред Ник Сузуки да намали на 1-4 на стартот на третиот дел, односно пред Никита Кучеров да го постави конечниот резултат на две минути пред крајот.
Освен Русинот, за победничкиот состав двапати реализираше Брендон Хагел, а по еднаш – Ентони Сирели и Ник Пол.
Во Источната конференција, Тампа Беј го држи петтото, а Монтреал – четиринаесеттото место.