
На првото натпреварување во Енгелберг (Швајцарија) од Светскиот куп во ски скокови, до третата победа во сезоната дојде Анже Ланишек.
Словенецот беше второпласиран после првиот скок, но во втората серија успеа да направи прогрес.
Второто место го зазеде лидерот во генералниот пласман, Давид Кубацки, а пиедесталот го комплетираше неговиот сонародник – Пјотр Жила.
Од останатите скокачи, во првите десетмина завршија уште: Штефан Крафт, Халвор Егнер Гранеруд, Андреас Велингер, Јан Херл, Камил Штох, Тими Зајц и Рјоју Кобајаши.