
Каролина Хурикејнс ја оправдаа фаворитската улога и ги поразија ЛА Кингс со убедливи 5-1.
После само 96 секунди игра, домаќините стекнаа предност од 2-0 со головите на Јеспери Котканиеми и на Јеспер Фаст.
Во втората третина, Брет Пеш и Теуво Тераваинен зголемија на 4-0, а Блејк Лизот намали на 4-1.
Американскиот хокеар беше единствен што успеа да го надмудри домашниот голман, Фредерик Андерсен, кој одбрани 32/33 удари (96,97%).
Во третиот период, Каролина покажа поефективна игра што кулминираше со петтиот гол на мечот, постигнат од 21-годишниот Џек Драри.
Со шестата победа на последните седум средби, Каролина го држи првото место на Истокот, додека Кингс се десетти во Западната конференција.