
Акрингтон Стенли падна во опасната зона на Лиг 1, заземајќи го дваесет и првото место.
Имено, во триесет и осмото коло, претставниците на Ленкашир загубија со убедливи 5-0 од Ексетер Сити.
За ,,Грците”, ова беше прва меѓусебна победа после 2017, која ги искачи на единаесеттата позиција на табелата, притоа продолжувајќи ја серијата на гостите на три меча без постигнат погодок.
Од друга страна, за победничкиот состав реализираа пет различни фудбалери, односно Деметри Митчел (36′), Џош Ки (49′), Сем Номб (54′), Џејмс Скот (75′) и Џеј Стансфилд (81′).