
За првпат после месец и пол, Филаделфија Флаерс не примија погодок на еден натпревар и ги совладаа Детроит Ред Вингс со 3-0.
За голманот Картер Харт, кој имаше 29/29 одбранети шутеви, ова беше трет овосезонски шут-аут.
Од неговите соиграчи, во листата на стрелците се запишаа Кифер Белоус и Скот Лотон во втората, односно Тајсон Форстер во третата третина.
Во Источната конференција, Детроит го зазема тринаесеттото, а Филаделфија – четиринаесеттото место.