
Со третата победа во низа, Едмонтон Оилерс дојдоа на само еден поен од официјално обезбедено учество во плејофот на НХЛ.
Синоќа, на домашен терен во ,,Роџерс Плејс”, претставниците на Канада го поразија составот на Далас Старс со 5-2.
Едмонтон рано поведе со 2-0, но заклучно со стартот на втората третина, гостите израмнија на 2-2.
Сепак, до крајот, домаќините забија уште три погодоци и со ,,петарда” ја крунисаа одличната напаѓачка партија од вкупно педесет шутеви.
Стрелци за победничкиот состав беше Евандер Кејн, Дерек Рајан, Зек Хајман, Јесе Пулјујарви и Конор МекДејвид.
Од друга страна, головите за Далас ги постигнаа Џејсон Робертсон и Роопе Хинтц.
Во Западната конференција, Едмонтон го зазема петтото место, додека Далас се наоѓа на осмата позиција.