
Бостон Селтикс поведоа со 2-0 во плејофот против Бруклин Нетс после синоќешната победа од 114-107.
Во првиот дел, Нетс беа за нијанса поуспешни, но го загубија мечот во второто полувреме, кое им припадна на домаќините со 59-42.
Од гостинските редови, Брус Браун уфрли 23 кошеви, а со 27 поени, најефикасен беше Кевин Дурент.
Кај Бостон, дабл-дабл од 19 поени и од 10 асистенции запиша Џејсон Тејтум, а Џејлен Браун додаде уште 22 кошеви.