
Во дербито на Калифорнија, Сан Франциско 49ерс ги поразија ЛА Ремс со 31-10 и им го нанесоа петтиот меѓусебен пораз во низа.
49ерс го започнаа мечот на фантастичен начин, односно со две пресечени додавања и со два тачдауни уште во првата четвртина.
Водството од 14-0 после неполни петнаесет минути игра го донесоа Џорџ Китл и Џими Ворд со тачдаун, односно со пик-6 и Роби Гулд со две прецизни конверзии.
Во продолжение, Ремс намалија со тачдаунот на Тајлер Хигби, но во корист на Сан Франциско, цел натпревар го сврте Дибо Самуел, кој двапати ја внесе топката во противничката енд-зона и освои вкупно 133 јарди.
Квотербекот на домаќините, Џими Гарополо, одигра одлична партија со 15/19 прецизни додавања за 182 јарди.
Кај Ремс, Купер Кап имаше 122 јарди од 11 фаќања, а неговиот квотербек, Метју Стафорд, уфрли 243 јарди од 26/41 прецизни додавања, од кои две беа наменети за дебитантот Одел Бекам Џуниор (18 јарди).
Со вториот пораз во низа, Ремс (7-3) паднаа на четвртото место во Националната конференција, додека 49ерс (4-5) скокнаа на деветтата позиција.
Во соработка со НФЛ Македонија