Пенрит Пантерс се вторите финалисти во овогодинешната НРЛ сезона, откако, во полуфиналето, беа подобри од Саут Сиднеј Рабитохс со 20-16.
За Пантерс, ова е четврто историско финале и прво после 2003, а во него ќе ги одмерат силите со Мелбурн Сторм.
На денешниот меч, Рабитохс го отворија резултатот и поведоа со 0-6 после шест минути, а до крајот на првиот дел, Пантерс направија серија од 14-0 и заминаа на пауза со 14-6.
Во второто полувреме паднаа три есеи, од кои еден на Пантерс и два на Рабитохс за поставување на конечниот резултат.
Саут Сиднеј ќе беа во многу поповолна ситуација во финишот на средбата, доколку Рејнолдс ги погодеше пеналот во третата минута и конверзијата при последниот есеј на Алан. Сепак, капитенот на поразениот состав беше прецизен двапати после есеите на Џонстон и на Гагаи.
Од друга страна, по едно полагање за Пантерс имаа То’о, Меј и Едвардс, а останатите поени дојдоа од прецизните шутеви на Клери.