Џилонг Кетс се вторите овосезонски финалисти, кои ќе ја бркаат својата десетта титула во АФЛ против Ричмонд Тигерс наредната сабота.
За ,,Мачките”, ова е прво финале уште од 2011, кога, воедно и последен пат ја освоија титулата.
Во полуфиналето, Џилонг ги декласира Бризбејн Лионс со убедливи (6.6) 42-82 (11.16).
Првото полувреме беше доста изедначено, а Кетс, во вториот дел, постигнаа педесет, а примија петнаесет поени.
Како најефикасен фудбалер на теренот се покажа Гери Роан, од победничкиот состав, со деветнаесет поени (3.1). Освен него, од неговите соиграчи, одлични беа Том Хокинс (2.3) и Гери Аблет (2.2).
Од редовите на Бризбејн, двајца играчи, Чарли Камерон и Лечи Нил, забележаа по два гола, односно по дванаесет поени.