Сезоната во алпско скијање беше отворена денес со натпреварувањето во велеслалом во женска конкуренција во Зелден, Австрија.
После првата серија, неприкосновена беше Италијанката Марта Басино, која имаше предност поголема од една секунда во однос на сите конкурентки, освен Федерика Брињоне (+0:58) и Мина Фирст Холтман (+0:92).
Во втората серија, Петра Влхова отскија најдобро и од десеттата, заврши на третата позиција што воедно е и нејзин најдобар пласман во Зелден.
Италијанките остварија 1-2 победа, откако Басино ја запиша својата втора победа, а актуелната шампионка, Брињоне, заврши на второто место.
Распоред на првите десет скијачки:
- Марта Басино (2:19,69)
- Федерика Брињоне (+0,14)
- Петра Влхова (+1,13)
- Мишел Жизен (+1,30)
- Мина Фирст Холтман (+1,75)
- Мета Хроват (+2,47)
- Софија Гоџа (+2,47)
- Лара Гут-Бехрами (+2,56)
- Теса Ворли (+2,79)
- Паула Молтцан (+2,81)



