
По вчерашниот пораз, хокеарите на Пеликанс го возвратија ударот и израмнија на вкупни 1-1 против Илвес.
Во вториот натпревар од меѓусебната полуфинална серија, претставниците на Лахти триумфираа со 3-2.
Во првата третина, Еету Пакила им донесе почетно водство на гостите, но Лукаш Јасек (х2) и Антон Милари направија пресврт за предност од 3-1 на домашниот состав.
До крајот, дефицитот на клубот од Тампере го намали Сантери Виртанен, кој воедно го постави и конечниот резултат.