Никола Костески беше фантастичен со 6 гола во денешната победа на гостувањето против Брно со 27:34.
Ова беше трета победа за Плзен во третиот натпревар и со вкупни 3:0 во победи го елиминираа Брно во четвртфиналето од плеј-офот во Чешка. Дејан Кукуловски одигра солидно во дресот за Брно каде постигна 3 погодоци.
Во полуфиналето Костески и другарите ќе играат против подобриот од двобојот помеѓу Дукла и Робе Зубри каде во моментов е 1:1 во победи.