
АК Барс Казањ го зададе првиот удар во финалето на Источната конференција на КХЛ против Авангард Омск.
Во првиот меч од меѓусебната серија, ,,Зелените” триумфираа со 3-2 после продолжение.
Јунак за домаќините беше Дмитри Кагарлицки, кој ги заби сите три голови за својот тим.
На спротивната страна, двапати стрелаше Корбан Најт, реализирајќи на три секунди пред истекот на регуларниот дел за изборување на дополнителен период.