
Откако синоќа славеа со 1-2, Њујорк Ајлендерс ја запишаа првата победа над Каролина Хурикејнс после 25 ноември 2018.
На мечот, во средината на втората третина, гостите од Њујорк дојдоа до почетно водство преку Жан-Габриел Пажо.
На една минута пред крајот, на 1-1 израмни Винсент Трочек, кој им даде надеж за продолжение на домашните навивачи.
Сепак, Ајлендерс го освоија целиот плен во последните петнаесет секунди, кога мрежата на Фредерик Андерсен, по вторпат ја затресе Кајл Палмиери.
Во Источната конференција, Каролина ја држи втората позиција, додека Ајлендерс го заземаат деветтото место.