
Во првиот меч од вториот ден од новата МЛБ сезона, Детроит Тигерс ги поразија Чикаго Вајт Сокс со 5-4.
После првите два периоди, гостите од Чикаго водеа со 3-0, но попуштија во самиот финиш, кога ,,Тигрите” изборија реми со серијата од 4-1 во последните два ининзи.
За Вајт Сокс, хоум-ран постигна Ендру Воган, а по четири бази освоија Хозе Абреу, Џејк Бургер и Еј Џеј Полок.
На спротивната страна, топката на трибините ја однесе Ерик Хаасе, а во листата на поентерите, по двапати се запишаа Роби Гросман и Остин Медоус.
Победоносната акција на Детроит беше прегледана на малите екрани.
Првично, судиите пресудија дека Еј Џеј Полок ја фати топката на Хавиер Баез, но после консултацијата беше утврдено дека ударот на Кубанецот прво заврши во заштитната ограда.




