
Портланд Трејл Блејзерс имаат серија од десет порази, која во потполност ги оддалечи од пласманот во плејофот.
Синоќа, клубот од крајниот северозапад загуби со убедливи 128-78 на гостувањето кај Далас Маверикс.
Маверикс влегоа во мечот на доминантен начин и веќе после првата четвртина водеа со високи 36-13.
Накрај, како најефикасен, со дабл-дабл учинок од 39 поени и од 11 скокови, натпреварот го заврши Словенецот Лука Дончиќ од домашниот состав.
Кај гостите, најрасположени во нападот беа Дру Јубенкс со 18 и Бен МекЛемор со 14 кошеви.
Во Западната конференција, Портланд (27-54) го зазема тринаесеттото место, додека Далас (51-30) ја држи четвртата позиција.