Тимот на ФК Пелистер направи голем подвиг и во дуел со доста искри и тензија славеше над ФК Струга Трим Љум на стадионот во Струга. Стружани го доживееја првиот пораз во првенството на домашен терен, а митот за непобедливоста го урна гсотинскиот фудбалер Иван Пејаковиќ.
Вреди да се напомене дека Струга Трим Љум бараше пенал во 93. минута по контакт во шеснаесетникот, но судијата одмавна со рацете и играта продолжи. Пелистер на Капинковски со оваа победа скокна на осмото место на табелата.
Битолчани по подолго време се наоѓаат во безбедната зона. Во следната рунда тимот е домаќин навелешки ФК Борец, додека ФК Струга Трим Љум му гостува на Вардар.
Видео: Instagram fkpelisterbitola