Актуелниот светски шампион од Зеефелд 2019 на 50 километри, Ханс Кристер Холунд, денес се закити со второто светско злато во кариерата, откако ги натскија сите конкуренти на индивидуалната трка на петнаесет километри.
Норвежанецот ја помина трасата за 33:48,7 минути, оставајќи зад себе двајца свои сонародници.
Подиумскиот хет-трик на Норвешка го комплетираа Симен Хегштад Кругер (+20,2) и Харалд Остберг Амундсен (+35,6).
За Кругер, ова беше второ сребро на тековното СП, додека Амундсен го освои првиот медал во својата кратка досегашна кариера.
На четвртото и на петтото место се пласираа Александер Болшунов (+43,7) и Артјом Малцев (+50,7), а пласман во топ 10 изборија уште: Сјур Роте (+55,3), Мартин Јонсруд Сундби (+55,9), Јенс Бурман (+56,9), Вилијам Порома (+1:02,7) и Ендру Масгрејв (+1:06,3).
📸 Matthias Hangst/Getty Images



