Бризбејн Бронкос, иако имаа речиси сигурен плејоф, успеаја да ја искомплицираат својата ситуација со четирите порази на последните пет средби.
Имено, во претпоследното коло, Бронкос беа декласирани на домашен терен од Парамата Илс со 6-53.
На мечот, Илс направија почетна серија од 31-6, на која и’ додадоа уште една од 22-0 во второто полувреме за поставување на конечниот резултат.
За Бронкос, единствените поени беа дело на Бренко Ли (29′) и на Котони Стагс, кои после половина час игра намалија на 6-24.
На спротивната страна, Митчел Мосес (26′) имаше вкупно дваесет и четири поени, а есеи постигнаа уште Маика Сиво (10′), Том Опачич (16′, 77′), Клинтон Гатерсон (18′, 36′), Ајзеа Папали’и (65′), Вил Пенисини (68′) и Вака Блејк (79′).
На табелата, Парамата го обезбеди петтото место, а Бризбејн е осми, со два бода, но и со натпревар повеќе во однос на деветтите Канбера Рејдерс.