Со синоќешната победа од 2-14, Атланта Брејвс ја добија серијата против Питсбург Пиратес со вкупни 3-0.
На мечот, актуелните шампиони постигнаа два поени во вториот, пет во четвртиот и седум во осмиот ининг за да дојдат до конечниот резултат.
Од играчите, Мет Олсон забележа грен-слем, Вилијам Контрерас имаше хоум-ран, а освен нив, по четири бази освоија Еди Росарио, Роби Гросман (х2), Роналд Акуња Џуниор (х2), Мајкл Херис (х2), Дансби Свансон (х2) и Остин Рајли.
Од фрлачите, најмногу се истакна стартерот Кајл Рајт со осум страјк-аути за седум периоди.
На спротивната страна, во деветтата деветтина поентираа Кевин Њуман (хоум-ран) и Бен Гамел, а претходно, Онил Круз го направи најсилниот удар од 2015 наваму од 122,4 милји на час (196,9 км/ч).
Во Националната лига, Атланта (78-48) ја држи третата позиција, а Питсбург (47-77) се наоѓа на претпоследното место.