
Во дербито на осмото коло од грчката Супер лига, ПАОК го порази Олимпијакос со 1-2.
За претставниците на Солун, ова беше прва победа после низата од четири мечеви без триумф, додека домаќините загубија во лигата по вторпат на последните четири средби.
На мечот, ПАОК поведе со автоголот на Сократис Папастатопулос (8′) во раната фаза, а до почетокот на паузата, на 1-1 израмни Хамес Родригез (37′).
Во вториот дел, ,,Црно-белите” имаа само еден шут во рамките на голот, кој беше успешно реализиран од Калед Нареј (56′).
На табелата, ПАОК скокна на четвртото место, спуштајќи го Олимпијакос на петтата позиција.




