
Репрезентацијата на Грција дебитираше на Светското првенство во рагби лиг со поразот од Франција од 34-12.
Франција важеше за огромен фаворит и ја оправда фаворитската улога уште во првото полувреме, кога стекна предност од 20-0.
Во вториот дел, Грците пружија мал отпор и дојдоа до првите поени со есејот на Ситени Таукамо (56′) и со шутот на Лахлан Илијас, а во финишот, конечниот резултат го постави Ник Мујос (79′).
Кај Французите, задолжен за шутевите беше Артур Мургу (47′), а освен него, есеи постигнаа уште: Џордан Дезарија (8′), Тони Жиго (29′) и Бенжамин Жулиен (33′, 74′).
Во групата А, во првото коло, освен Франција, победа запиша и домаќинот Англија против Самоа.




